Струга ТЛ израмни против Македонија ЃП во Куп финалето (ВИДЕО)

Струга Трим Лум успеа да дојде до израмнување во финалето против Македонија ЃП и така да го оддалечи тимот на „лавовите“ од пехарот. Во 79. минута погоди Јусуфи, односно тоа беше автогол на Стоилов, откако од него се одби топката во мрежата.

Долга беше акцијата, најпрво Радиќ со глава се обиде, но одбрани одлично Стевковски само до Јусуфи кој се обиде да ја врати топката на петерецот, меѓутоа таму топката го удри Стоилов и влезе во мрежата.

На теренот на ФФМ почна да врне и дожд, и да дува силен ветер, па тоа им прави проблем на фудбалерите во финишот.

Се вчитува...