Струга ТЛ ја продолжи соработката со најдобриот напаѓач, Тафа си заминува

Прволигашот Струга Трим Лум ја продолжи соработката со најдобриот свој напаѓач Флорент Османи. Двете страни се договорија за нов едногодишен договор.

Од клубот, пак, заминува столбот на одбраната Арбен Тафа кој се одлучи да ја промени средината и покрај понудата од клубот за продолжување на договорот.

Претходно, Струга ТЛ потпиша нов двегодишен договор и со Фламур Таири.

Се вчитува...