Фудбалерите на Струга Трим и Љум загубија на првиот контролен натпревар во подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Подобар од македонскиот клуб беше косовска Дрита со 3-1.
Косоварите поведоа со 1-0 во 15. минута, а до крајот на првите 45. минути Дрита ја зголеми предноста на 2-0 со голот во 30. минута.
Во второто полувреме стружани намалија на 2-1 во 49. минута, додека конечните 3-1 Дрита ги постави во 72. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА