Струга ТЛ поразена од Динамо сити во првиот подготвителен натпревар сезонава

Екипата на Струга Трим Лум денеска го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на летните подготовки за новата сезона. На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, стружани загубија од албанскиот прволигаш Динамо Сити и претрпеа пораз со резултат 2-3.

Струга ТЛ го започна натпреварот со еден состав, но до крајот на средбата стручниот штаб им даде шанса за настап на речиси сите фудбалери кои му стојат на располагање.

 

Се вчитува...