Струга ТЛ се раздели со Босанчиќ и со Кадриу

Еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ за изминатата сезона Немања Босанчиќ, си заминува од клубот, соопштија од таборот на Струга. Заедно со него заминува и Флоријан Кадриу.

Со двајцата клубот спогодбено се раздели и тие нема да бидат дел од тимот следната сезона.

Екипата на Струга ТЛ ја напушта и голманот Давор Талески кој ќе треба да ја засили Шкендија, а на негово место ќе биде донесе Душан Чубраковиќ, екс голман на Академија Пандев.

Струга ТЛ претходно се засили со најдобриот стрелец во ПМФЛ Бесарт Ибраими, а во клубот останува и шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски.

Се вчитува...