Струга ТЛ загуби од косовски Феризај во првиот меч на подготовките во Драч (ФОТО)

Струга Трим Лум доживеа минимален пораз од 1-2 на првиот контролен натпревар за време на подготовките во Драч, Албанија, од косовската екипа Феризај.

И покрај неколку одлични можности за стружани во првото полувреме, истото заврши со предност на Феризај од 0-1.

На стартот од второто полувреме, Валентин Кочоски израмни на 1-1 благодарение на асистенцијата на Буњамин Шабани, за да Феризај до победата дојде со погодок во 80. минута.

Следниот пријателски натпревар за Струга ТЛ е против бугарскиот Ботев Враца, кој исто така се подготвува во Драч, Албанија.

Се вчитува...