Струга тргна триумфално во Супер-лигата

Ракометарите на Струга одбележаа камбекот во елитното ракометно друштво со рутинска победа на гостувањето против Борец од 24-29. Тимот од Велес се соочува со огромни финансиски проблеми, летово остана без голем дел од ланските ракометари, па со подмладен состав немаше никакви шанси да им се спротивстави на стружани.

Мечот беше решен за половина полувреме, откако Струга набрзина поведе со 3-9, нешто подоцна и со 4-12. Избраниците на Андон Бошковски потоа го намалија интензитетот на играта во одбрана, па остатокот од мечот мина во израмнета игра, за конечна победа на стружани од пет гола разлика.

Цветан Кузмановски беше прв стрелец со 13 гола, додека кадетскиот репрезентативец Костески придонесе со шест гола во првата суперлигашка победа на Струга.

Се вчитува...