Струга Трим Лум ја продолжи соработката со Бесмир Бојку на уште две години (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ја родолжи соработката со играчот за врска Бесмир Бојку на уште две години.

Бесмир дојде во Струга минатото лето и одигра 30 натпревари, а успеа да запише два гола и три асистенции.

Стружани успеаа ова лето да доведат големо засилување во нападот. Нов член на Струга ТЛ е Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати.

Се вчитува...