Струга во преговори со Марко Нелоски

Македонскиот репрезентативец Марко Нелоски би можел да биде големо засилување за новиот суперлигаш Струга доколку двете страни ги договорат условите за соработка на преговорите што ќе се случат во текот на следната седмица. Екс-ракометарот на Металург ланската сезона ја мина во втората германска лига како член на Кобург, но за жал заработи тешка повреда поради која подолго време беше надвор од терените.

Тоа беше причина Кобург да не му понуди нов договор на Македонецот, кој сега е многу близу до враќање во татковината, и тоа во дресот на стружани.

„Точно е дека постои интерес, но засега нема конкретен договор. Наскоро ќе седнеме на разговори, се надевам дека ќе се договориме и Нелоски ќе ни се приклучи“ – изјави првиот човек на Струга, Наумче Мојсовски.

Се вчитува...