Струмица со нов пораз од Чешке Будејовице го заврши настапот во ЦЕВ купот

Македонскиот одбојкарски клуб Струмица го заврши настапот во второто по ранг европско натпреварување, ЦЕВ Купот. По поразот од пред седум дена на гостински терен струмичани вечерва загубија и на домашен терен од Чешке Будејовице.

И овојпат чешкиот тим беше подобар со максимални 3-0, по сетови 25-17, 25-15 и 25-19.

Јован Милев и Кристијан Илијев освоија по седум поени, Филип Маџунков реализираше шест, додека Владо Милев запиша пет поени зад своето име. Сериозно подмладениот тим на Струмица европската сезона ја завршува со четири порази, два во квалификациите за Лигата на шампионите од Динамо Букурешт и два во ЦЕВ купот од Јихострој Чешке Будејовице.

Се вчитува...