Струмица со уште еден пораз од Динамо Букурешт ги заврши настапите во ЛШ

Динамо Букурешт беше пресилен за Струмица и на вториот меч во Лигата на шампионите, и му нанесе уште еден максимален пораз од 3-0, исто како што беше и на првиот натпревар. Со овој пораз македонскиот тим продолжува во ЦЕВ Купот.

Откако победи со три сета во Скопје, ист беше и епилогот и на реваншот во Букурешт, каде што романскиот тим победи со 25-17, 25-17 и 25-13.

Најдобар поентер кај Струмица беше Илијев со 12 поени, додека Маџунков имаше седум. Петар Премовиќ кај Динамо имаше 10 поени, а Кардозо девет.

Струмица во ЦЕВ Купот ќе се сретне со Чешке Будејовице од Чешка, и ќе игра прво на домашен терен на 12 ноември, додека реваншот е седум дена подоцна на гости.

Се вчитува...