Стружани без проблеми го решија Радовиш (37-27)

Ракометарите на Струга без поголеми проблеми стигнаа до убедлива победа од 37-27 (19-12) во 11. коло од Суперлигата на Македонија.

Уште од самиот старт стружани јасно ја потенцираа фаворитската улога на мечот па наметнувајќи позитивен ритам кој ги донесе до седум гола разлика во првото полувреме. Во вториот дел се играше сосема идентично. Струга само рутински ја одржуваше предноста за конечна победа.

Најефикасен во домашните редови беше Ненад Костески со 10 постигнати гола, а Александар Тренчевски запиша 9 погодоци. Со пет погодоци мечот го заврши Тодор Јанкуловски. Кај гостите Ивица Илиев постигна 10 гола, а Кристијан Ристов мечот го заврши со седум погодоци.

По оваа победа Струга се зацврсти на шестата позиција на табелата со 16 бода, седум повеќе од Радовиш.

 

Се вчитува...