Суарез ги „пецна“ Куман и Бартомеу: Ви испраќам една мала фотографија за да ве поздравам (ФОТО)

Првата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, кој лани беше избркан од Барселона, стигна до шампионска титула со Атлетико Мадрид во оваа сезона во која постигна 21 гол. Уругваецот после шампионското славје реши да ги поздрави актуелниот кормилар на „Каталонците“, Роналд Куман и поранешниот претседател на клубот Жозеп Марија Бартомеу, кои беа највиновни за неговото заминување од „Камп Ноу“.

Во хаосот ланското лето, кога Лионел Меси побара да си замине, Суарез беше тргнат настрана и ставен на трансфер-листа, па речиси беше приморан да си оди, за да на крајот од оваа сезона се виде каква грешка направиле во Барса.

„Куман ми рече дека ако до утре не си одам, сметал на мене за мечот со Вилјареал, а сосема јасно беше дека одлуката за моето заминување дојде од горе, од луѓето во управата. Тогаш ми стана јасно дека е човек без карактер. Прво ми вели дека не смета на мене, а потоа дека ќе ме стави во тимот ако не си одам. Ниту Куман, ни Бартомеу, ниту било кој од екс-управа не ми честиташе за титулата. Затоа јас им пратив една мала фотографија за да ги поздравам“, рече Суарез.

Фотографијата која им ја испратил е таа со пехарот во раце во црвено-белиот дрес на мадридскиот гигант.

„Беше многу болно кога Барселона ме присили да тренирам сам, да не сум со екипата и многу патев поради тоа. Барса не ме ценеше, а Атлетико ми ја отвори вратата и јас бескрајно ќе им бидам благодарен, зашто веруваа во мене“, додаде Суарез.

Се вчитува...