Суарез го скрши отпорот на Вилјареал

Барселона успеа да слави на гостувањето на „Ел Мадригал“ против Вилјареал со 0-2, прекинувајќи ја серијата од два нерешени натпревари и одржувајќи ја предноста во однос на најблиските ривали за титулата.

Првото полувремe донесе израмнета игра во која Пике стрелаше во гредата, но и Вилјареал опасно во неколку наврати се закани, не успевајќи да го совлада Тер Штеген. Клучен момент беше 61. минута, кога Раба доби директен црвен картон за стартот врз Бускетс, оставајќи го својот тим на цедило.

Барса знаеше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, најпрвин отворајќи го резултатот преку Суарез на асистенција на Алкасер, пред Меси да ги постави конечните 0-2 по грешката на еден домашен дефанзивец и додавањето на Бускетс.

Каталонскиот гигант се уште има удобна предност на врвот на табелата со 39 бода, пред Валенсија со 34, Атлетико Мадрид со 33 и Реал Мадрид со 31 бод.

Се вчитува...