Атлетико Мадрид продолжува да ита кон титулата во шпанскиот шампионат. Пред четата на Чоло Симеоне овој пат капитулираше Кадиз кој на домашен терен беше поразен со 2-4. Суарез во 28. минута донесе водство за гостите, а седум минути подоцна Негредо израмни на 1-1. До крајот на првиот дел Саул во 44. повторно донесе водство за „душекчиите“. Суарез од пенал во 50. зголеми на 1-3, а Негредо исто така со својот втор гол на мечот намали на 2-3 во 71. Конечните 2-4 ги постави Коке во 88. минута.
Атлетико Мадрид има десет бода предност на табелата пред градскиот ривал Реал Мадрид, но и натпревар помалку. Кадиз останува 13. со 24 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА