Суарез го „здрма“, но Бензема го спаси Реал од пораз (ВИДЕО)

Реал Мадрид се спаси од пораз во дерби-пресметката од 26. коло во Ла Лига против Атлетико Мадрид со голот на Бензема во 88. минута.

Атлетико долго водеше откако Љоренте одлично го проигра Луис Суарез уште во 15. минута за водство на „јорганџиите“ од 1-0.

Но, Бензема во 88. минута извлече 1-1 за „кралевите“.

Од ова реми доби Барселона која е на три бода од водечкиот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...