Суарез: Го знам Нејмар, никогаш нема да замине во Реал

Нејмар веднаш по преселбата во ПСЖ повторно се поврзува со мегатрансфер, овојпат во редовите на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид. Сепак, неговиот поранешен соиграч Луис Суарез е убеден дека Бразилецот нема да изврши такво „предавство“ кон каталонскиот гигант.

„Искрено, не можам да го замислам Нејмар во Реал Мадрид. Добро го знам, нема да се реши за таков чекор бидејќи отсекогаш се воодушевувал на Барселона и имал почит кон сите играчи на нашиот клуб. Свесни сме за неговиот потег од летниот преоден рок, сакаше нов предизвик во кариерата. Верувам дека сега е среќен, но и убеден сум дека се уште ја сака Барселона“ – изјави Суарез.

 

Се вчитува...