Суарез полудел по разговорот со Куман кој траел помалку од една минута

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман преку телефонски повик им соопштил на Луис Суарез, Артуро Видал, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити дека следната сезона нема да смета на нивните услуги.

Разговорот со Куман најтешко го поднел Суарез кој полудел на фактот дека добил повик од 30 секунди за да му биде соопштено дека може да си бара нов клуб.

„Суарез е многу лут по разговорот со Куман. Разговорот траел помалку од една минута. Уругваецот верува дека по се што дал за клубот заслужил поразлично збогување. Ова не личи на голем клуб како Барселона“ – пренесуваат дел од каталонските медиуми.

Суарез, кој за 82 милиони евра пристигна во Барса од Ливерпул, за каталонскиот тим постигна 198 гола настапувајќи на 283 натпревари. Барселона сега е подготвена да му исплати дел од годишната плата која изнесува 20 милиони евра и да го пушти како слободен фудбалер.

Се вчитува...