Суарез разочаран: Ако не ме сакаат во Барса, треба да кажат…

Луис Суарез не го крие разочарувањето од односот на раководството на Барселона во периодот кога често се споменува „ремонт“ на тимот, а никој отворено не говори за имињата на фудбалерите кои ќе треба да си заминат од „Камп Ноу“ сезонава. Уругваецот е меѓу оние за кои се најавува дека сигурно ќе ја напуштат Барселона сезонава, се шпекулираше и со понуда од Ајакс, но голгетерот е разочаран што некој се обидува со непроверени шпекулации да го избрка од клубот.

„Претседателот најави заминувања, промени во клубот, но никој не ми кажал дали јас ќе останам или не. Ако не ме сакаат во Барса, треба да кажат, а не да се измислуваат понуди за да се создава тензија. Не сум разговарал со Куман, немам проблеми со оние кои ги носат одлуките во клубот, мислам дека најдобро за сите е што покоро да се излезе во јавноста и да се обелоденат плановите“, истакна Суарез.

Уругваецот има уште една година од актуелниот договор со Барса, но важи за еден од најплатените фудбалери на каталонскиот гигант, поради што управата планира да го продаде.

Се вчитува...