Суарез се поблиску до повторна соработка со Џерард

Уругвајскиот навивач, Луиз Суарез е се поблиску до повторна соработка со Стивен Џерард и потпис со премиерлигашот Астон Вила.

Како што пренесуваат англиските медиуми 35-годишниот напаѓач сака уште една сезона во една од топ 5 лигите, а како идеален избор е тимот од Бирмингем во кој менаџер е неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард.

Тој во Астон Вила би требало повторно да се здружи и со Филипе Кутињо со кого ја делеше соблекувалната во Барселона.

Суарез минатите две години ги помина во Атлетико Мадрид со кого минатата сезона стигна и до титулата во Ла лига.

Се вчитува...