Суарез се разбуди, Барса го победи Леганес

Барселона продолжува во победнички стил во Ла Лига. Тимот на Ернесто Валверде славеше убедлив триумф (0-3) на гости кај Леганес и се зацврсти на првата позиција на табелата со 34 освоени бода.

Луис Суарез конечно се разбуди и потсети дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тој го отвори резултатот во 28.минута, а во вториот дел постигна и уште еден погодок, кршејќи го отпорот на фудбалерите на Леганес. Во самата завршница, Паулињо постигна и трет погодок, за нова убедлива победа на Барселона.

Се вчитува...