Суарез треба да оди на операција, ама чека погоден момент

Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез оваа сезона не е во голгетерска форма, и тоа се чувствува во редовите на Барселона. Тимот засега победува на плеќните на Лионел Меси, но јасно е дека на генијалниот Аргентинец му е неопходна поддршка, ако се знае дека го нема и Нејмар, третиот член од фантастичното трио кое минатата сезона даваше голови како на филмска лента.

skysports-luis-suarez-barcelona-la-liga-supercopa-football_4076007

Но, Суарез има здравствен проблем. Тој подолг период се мачи со повреда на коленото и за да го реши треба да замине на операција која би го одвоила од фудбалските терени во наредните два месеци. Сепак, во договор со стручниот штаб и раководството, популарниот „Ел Пистолеро“ го чека најпогодниот момент за го санира својот проблем, а да не му наштети на тимот со неприсуството.

Тренерот Ернесто Валверде нема многу опции, Дембеле се повреди посериозно веднаш штом го облече дресот на Барселона, а Пако Алкасер едноставно не ги задоволи критериумите за да биде предводник на нападот на каталонскиот тим. Арда Туран исто така подолг период е повреден, па Луис Суарез се надева дека Барселона ќе успее да доведе нов напаѓач во зимскиот преоден рок, а тој да замине на планираната операција.

Се вчитува...