Суарез: Во Барса ми рекоа дека веќе сум стар да играм на врвно ниво

Крајно неочекувано за светската фудбалска јавност беше заминувањето на Луис Суарез од Барселона минатото лето. Уругваецот со солзи го напушти каталонскиот клуб, одлучувајќи кариерата да ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид.

Се покажа дека тоа, на крајот, е фантастичен потег затоа што Суарез игра одлично во мадридскиот клуб, а во Барселона јасно е дека жалат што го пуштија така лесно и речиси бесплатно во редовите на директниот конкурент за титулата.

По половина година Уругваецот одлучи искрено да проговори за заминувањето од Барса, потенцирајќи дека во Атлетико се преселил за да докаже дека секогаш може да игра на највисоко ниво.

„Сметам дека заслужив повеќе почит од луѓето во клубот кога е збор за начинот на кој бев известен дека не им требам повеќе. Токму поради тоа одлучив да дојдам во Атлетико за да им покажам дека можам да играм на врвно ниво. Никој од Барселона не го договори мојот трансфер во Атлетико. Тоа беше исклучиво моја одлука, тие ништо не знаеја. Не ме сакаа повеќе во Барселона, и јас си донесов одлука која е најдобра за мене“ – вели Суарез.

Се вчитува...