Судбината на НБА кошаркарите – Бараа од мене да играм со скршена нога

Откако Кевин Дурант се повреди во финалната серија во НБА лигата, се повеќе се говори за третманот кој го добиваат кошаркарите од клубовите. Трикратниот НБА шампион со Голден Стејт Вориорс, Андре Игудала се наоѓа на медиумска турнеа, промовирајќи ја својата книгата „Шести играч“. Тој говореше за притисокот кој го имаат кошаркарите кои се повредени, како што побрзо би се вратиле на терените.

„Во минатогодишната серија против Хјустон ги пропуштив последните три натпревари. Сите ми правеа притисок, прашувајќи кога ќе се вратам на терените. Одговарав како не сум подготвен бидејќи имам фрактура на ногата. Лекарите ме убедуваа дека е прашање само потечен мускул“, изјави Игудала. 

Игудала вели дека слично било сезонава со неговиот соиграч Кевин Дурант.

„На Кевин воопшто не му беше лесно. Тој е фантастичен кошаркар кој константно се наоѓаше на мета на медиумите кои поставуваа прашања дали е доволно храбар да се врати на терените. Нашиот лекарски тим е најдобар на светот и јас тоа го знам. Но, понекогаш и тие паѓаат под притисокот на јавноста“, заврши Игудала. 

 

 

Се вчитува...