УЕФА ги одреди официјалните лица за средбите од второто коло од нашата група во Лигата на нации, во кое Македонија ќе гостува на селекцијата на Словенија.
Изборот за натпреварот во Љубљна падна на арбитри од Италија, па така главен судија ќе биде Андреа Коломбо, додека негови асистенти се Џовани Бачини и Валерио Колароси.
Четврти судија крај аут-линијата ќе биде Матео Марчети, додека во ВАР-собата спорните ситуации ќе ги разгледуваат Фабри и Ла Пена.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е закажан за вторник со почеток од 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
