Судија ’фаулира’ фудбалер, па му даде црвен картон (ВИДЕО)

Судиите на фудбалските натпревари неретко знаат да донесат дискутабилни одлуки кои остануваат запаметени повеќе како смешни отколку трагични. Таква е и одлуката на Луиш Годињо да му даде жолт, па црвен картон на фудбалерот на Порто, Данило Переира.

За време на натпреварот против Мореиренсе во Лига Купот на Португалија, трчајќи назад кон средината на теренот, португалскиот судија се удри во Переира и наместо да се извини, тој му даде жолт картон. Очекувано, следеше бунење од страна на фудбалерот кој веднаш потоа доби и црвен картон.

„Неколку пати го одгледав видеото, а и да го одгледам уште сто пати, најискрено, нема да разберам по кој критериум овој господин донесе таква одлука. Сум видел многу спорни одлуки во фудбалот, но ова несомненео е огромен срам“ – истакна фудбалерот по завршување на натпреварот.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/e43bccd8cf428269469d8814b48e06a2.mp4″]

Се вчитува...