Драма со среќен крај го одбележа натпреварот помеѓу Речица и Доброшти во Третата македонската фудбалка лига – Запад откако судијата Дарко Радески му го спаси животот на фудбалерот на домашниот тим, 18-годишниот Блертон Шабани.
При избивањето на топката со глава младиот фудбалер на домаќините имаше лош пад на тревникот по кој остана без свест. Радески брзо ја препозна ситуацијата, го прекина натпреварот и херојски интервенираше, а брзата реакција спречи немил настан.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека играчот изгуби свест и што бев во негова близина“, изјави судијата Радески за телевизијата „М Нет“.
Фудбалерот на Рејчица е во добра здравствена состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА