Судија колабираше на терен за време на натпревар од НЦАА турнирот (ВИДЕО)

Страшен инцидент се случи синоќа на натпреварот помеѓу Конзанга и Универзитетот на Јужна Калифорнија, кој се одигра во Индијанаполис во рамки на турнирот „Мартовско лудило“ во НЦАА или Колеџ-лигата во САД, па морал привремено да биде прекинат откако еден од судиите колабираше на паркетот.

Се играа само неколку минути на натпреварот кога судијата Берт Смит се струполи на теренот. Медицинските екипи веднаш реагираа и му укажаа прва помош на арбитарот. За среќа тој брзо ја врати свеста, но веднаш беше префрлен во најблиската болница.

НЦАА-лигата подоцна објави дека судијата е во стабилна состојба, но дека ќе му бидат направени серија тестови за да се утврди причината за колабирањето.

Се вчитува...