Судија во Црна Гора запроси кошаркарка на сред натпревар (ВИДЕО)

Сцена од финалниот натпревар во женската кошаркарска лига на Црна Гора стана хит на интернет. Судијата на натпреварот помеѓу Подгорица и Будуќност го прекина натпреварот и ја запроси Виолета Лазаревиќ, кошаркарката на Будуќност.

Судијата Стефан Вуковиќ досуди слободни фрлања за неговата девојка, а додека таа се подготвуваше да ги изведи, тој и пријде одзади, клекна на подот и ја запроси.

Кошаркарката остана во шок, а откако кажа „да“, кошаркарките на двата тима истрчаа на теренот заеднички да прослават.

 

 

 

 

Се вчитува...