Судијата кој ни судеше на историскиот меч во Тбилиси, ќе ни суди и во Порто

Англичанецот Ентони Тејлор ја доби улогата повторно да биде сведок на уште еден историски натпревар за Македонија.

Тејлор кој беше главен делител на правдата на натпреварот меѓу Грузија и Македонија на 12. ноември 2020 во Тбилиси на кој Македонија славеше со 0-1 и се пласираше на ЕВРО 2020, сега ќе ни суди повторно и на финалето од баражот за СП 2022 против Португалија на 29. март од 20:45 часот на „Драгао“ во Порто.

На Тејлор ќе му помагаат сонародниците Бесвик и Нан, а четврти судија ќе биде Мајкл Оливер.

Се вчитува...