Судијата немаше храброст да го направи Николов херој во Лондон (видео)

Бобан Николов одигра добар натпревар во дресот на Мол Види на гостувањето против Челси, на кој неговиот тим претрпе пораз од 1-0. Унгарскиот првак 70 минути одолеваше на налетите на лондонските „сини“, Сари беше принуден да го уфрли во игра и Еден Азар, за победничкиот гол да го постигне Алваро Мората.

Македонскиот репрезентативец лесно можеше да биде и херој на натпреварот доколку судијата имаше малку повеќе храброст во финишот од првото полувреме. Имено, Николов успеа да се протне зад Кејхил, беше фаулиран од домашниот дефанзивец, но свесен дека евентуален прекршок би значел и црвен картон главниот арбитар покажа играта да продолжи. Челси очекувано доминираше во поседот на топката, на крајот успевајќи да триумфира благодарение на Мората, кој голот го постигна на асистенција на Вилијан.

 

 

Ајнтрахт стигна до втората победа во својата група, славејќи против Лацио со 4-1. Да Коста (два), Костиќ и Јовиќ беа стрелци за победничкиот тим, а моа да се истакне дека Лацио го заврши мечот со девет фудбалери, по црвените картони на Баста и на Кореа.

Многу интересно беше во Москва, каде Вилјареал долго време имаше водство за фудбалерите на Спартак со два гола во последните десет минути преку Зе Луис и Мељгарехо да направи целосен пресврт и да поведе со 3-2. И тоа не беше се бидејќи Вилјареал сепак успеа да стигне до бод со погодокот што во 96. минута од пенал го постигна Санти Казорла. Резултатски пресврт донесе и вториот меч во групата Г, во кој Глазгов ренџерс славеше над Рапид со 3-1 благодарение на погодокот на Таверние од пенал во 84. минута за 2-1, пред точка на натпреварот да стави

Олимпик Марсеј прокоцка предност од 0-2 и на крајот освои само еден бод на гостувањето на Кипар против Аполон, додека Севилја беше поразена на гостувањето во Русија од Краснодар со голот што во 89. минута го постигна Окриашвили.

Лига Европа, резултати

Група Г: Спартак М. – Вилјареал 3-3, Г. Ренџерс – Рапид 3-1.

Група Х: Аполон – Марсеј 2-2, Ајнтрахт – Лацио 4-1.

Група И: Сарпсборг – Генк 3-1, Малме – Бешикташ 2-0.

Група Ј: Краснодар – Севилја 2-1, Стандард – Акхисар 2-1.

Група К: Астана – Рен 2-0, Јаблонец – Динамо Киев 2-2.

Група Л: Челси – Мол Види 1-0, БАТЕ Борисов – ПАОК 1-4.

Се вчитува...