Судир на Иџе на „Монца“, возилото сериозно оштетено (видео)

Игор Стефановски – Иџе немаше среќа викендов на патеката Монца, на првиот тркачки викенд од ТЦР шампионатот во Италија. Македонскиот автомобилист за малку не се искачи на пиедесталот на саботната прва трка, а денеска беше дел од сериозен инцидент откако еден од ривалите се удри директно во автомобилот на Стефановски.

На патеката се наоѓаше безбедносното возило, а веднаш по неговото повлекување од патеката еден од ривалите директно го удри возилото на Иџе, кој не беше во можност да ја заврши трката.

„Понекогаш се случуваат и вакви работи, но криво ми е што не беше во некоја борба, туку беше удар од позади кој навистина не го очекував. Не знам која е причината, треба да се оди кај директорот на дирекцијата, бидејќи навистина удар кој не дај Боже да беше од страна. Моето возило е прилично оштетено, тимот ќе го прегледува да види дали е возможно со истото да се продолжи“, изјави Стефановски веднаш по трката.

видео: auto24.mk

Се вчитува...