Судот без милост: Кокорин два месеци во затвор

Напаѓачот на Зенит, Александар Кокорин, ќе ги мине следните два месеци во затвор, одлучи денеска Судот во Москва. Причината е добро позната, големата тепачка во руската метропола во која Кокорин заедно со уште еден фудбалер, Павел Мамаев, претепаа политичар од оваа земја, а потоа направија уште еден инцидент низ улиците на Москва.

Иако Кокорин на почетокот на денешното рочиште бараше прошка, за да му биде дозволено да се брани на натамошните судски процеси од слобода, сепак беше донесена пресуда тој да ги мине следните два месеци зад решетки во притвот.

„Обвинетиот одиграл значајна улога во неколку инциденти и мора да биде казнет за тоа“ – објасни судијата на случајот.

Ова е само првото од низата обвиненија против поранешниот руски репрезентативец, кој би можел да добие вкупна затворска казна во времетраење од седум години.

Се вчитува...