Судот одлучи: Ѓоковиќ останува во Австралија до понеделник (ФОТО)

Дали најдобриот тренисер на светот ќе учествува на Австралија Опен ќе се знае во понеделник откако Федералниот суд на Австралија им даде дополнително време на адвокатите на Новак Ѓоковиќ да го презентираат случајот за на Србинот да му биде дадена дозвола за престој на островската земја.

Како потсетување Ѓоковиќ вчера пристигна во Австралија, но и покрај медицисната дозвола за настап на првиот АТП турнир во сезоната без примена вакцина, властите не дозволија да влезе во државата. Случајот траеше неколку часа на аеродромот по што Србинот беше префрлен во хотел каде ќе остане до понеделник.

Се вчитува...