Судот во Лозана неочекувано одолговлекува: Адеми мора да добие укинување на суспензијата!

Иако за денеска беше најавено соопштување на одлуката за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по неговата жалба против УЕФА по изречената четиригодишна суспензија од Европската куќа на фудбалот поради допинг, сепак од Арбитражниот суд во Лозана го одложија сето тоа за 15. февруари.

Како што минатата недела најави ЕКИПА, денеска се очекуваше соопштувањето на одлуката со која Адеми треба да добие укинување на претходно изречената суспензија од УЕФА. Но, сето тоа сосема неочекувано е одложено, што наиде на огромен револт и во редовите на Динамо Загреб кои сега веќе се сомневаат дека под сомнителни околности се разгледува „случајот Адеми“.

Согласно сите утврдени докази, Аријан Адеми е апсолутно невин. Тоа го покажале и анализите од лабораторијата во Келн, кои Аудот од Лозана ги побарал за ова судење. Сите анализи покажале дека лекот Мегамин, кој го користел Адеми, бил загаден со забранетата супстанца Станозол, но од страна на производителот, за што вина никако не може да сноси Адеми.

Токму поради тоа Адеми треба да добие укинување на суспензијата, а со тоа и да добие голема отштета од УЕФА. Па, последното одложување на одлуката од страна на Судот во Лозана укажува на тоа дека е можна да се најде избалансиран договор, со тоа што ќе остане досегашната суспензија за Аријан Адеми од 17 месеци, која си ја „одлежа“, а со тоа да се ослободи УЕФА од исплата на отштета за македонскиот репрезентативец и за Динамо Загреб.

Но, останува потоа можноста Аријан Адеми да ја тужи УЕФА во граѓанска постапка поради нанесени душевни болки.

Се вчитува...