Судијата Грујоски направи циркус во Струмица: Судеше крај, па по три минути ги враќаше фудбалерите од соблекувална да го доиграат мечот (ВИДЕО)

Судијата Александар Грујоски од Кичево приреди вистински циркус на натпреварот меѓу Академија Пандев и Ренова во 4. коло од ПМФЛ кој заврши со победа од 2-1 за струмичани.

На дуелот кој се играше на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во тензичен финиш Грујоски судеше крај на натпреварот по 4 минути и 33 секунди судиско продолжение. Но, веднаш по свирежот гостинските фудбалери се впуштија во убедување со судијата поради предвремено досудениот крај откако Грујоски не дозволи до крај да заврши последната акција на Ренова.

По напнатост на теренот и бројни реакции од гостите и речиси четири минутно убедување, сепак, фудбалерите на двата тима и претставниците на Академија Пандев и Ренова полека го напуштија теренот повлекувајќи се во соблекувалните, како и присутната публика која го напушти стадионот.

Но, по три минути, на крајно изненадување, Грујоски ги врати фудбалерите на терен дозволи повторно да се одигра последниот слободен удар на Ренова, за да по само неколку секунди повторно веднаш досуди крај!??

Се вчитува...