Сум немал секс 12 седмици, нема ни да имам до „борбата на годината“

Тајсон Фјури на 1 декември се враќа во рингот, а пред себе ќе го има најголемиот предизвик во кариерата. Британецот ќе се бори за ВБЦ појасот со Донте Вајлдер, а победникот од оваа битка ќе се здобие и со правото да го предизвика Ентони Џошуа во борба за апсолутно владеење во светскиот бокс.

Фјури максимално сериозно се подготвува за пресметката со Вајлдер, ја регулираше својата тежина, а донесе и сериозна одлука – за време на подготовките да се откаже и од сексуалните активности за целосно да се посвети на борбата.

Не сум имал секс веќе 12 седмици и нема ни да имам се до борбата. Не сакам ништо да ме поремети пред дуелот. Кога дебитирав во рингот многу работи тргнаа обратно бидејќи имав секс два часа пред таа прва борба. Победив, бидејќи мене сексот не ме слабее, туку ми дава енергија, но кога станува збор за најважната борба сакам да бидам со чисти мисли, максимално фокусиран на противникот“ – истакна Фјури.

Се вчитува...