Супер-анимација за старт на ЕВРО 2020: Роналдо бега со трофејот, Пандев сака да го „грабне“ (ВИДЕО)

Преку извонредна анимација познатот уметник Омар Момани, познат по карикатурите кои ги објавува за британски „Гол“, го најавува стартот на Европското првенство 2020.

Португалија ја брани титулата на Европското првенство, па Кристијано Роналдо во анимираниот филм го брани трофејот обидувајќи се да го сокрие. Меѓу сите ѕвезди на ЕВРО 2020 е и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев…

Европското првенство 2020 стартува денеска со натпреварот од Групата А во Рим меѓу домаќинот Италија и Турција од 21 часот.

Се вчитува...