Супер-деби: Бетис на колена пред Ѓуроски

Стојан Ѓуроски имаше извонредно деби во дресот на Хуеска на самиот почеток од сезоната во втората шпанска лига, предводејќи го својот тим до триумф од 92-84 над Бетис. Поранешниот шпански прволигаш немаше одговор за извонредниот настап на македонскиот репрезентативец, кој го покажа сиот свој потенцијал на самиот почеток од новата авантура во својата кариера.

Бетис тргна фуриозно и поведе со 3-17, но Хуеска токму благодарение на Ѓуроски се врати, првата четвртина само со пет поени предност за гостите (17-22), за во остатокот од мечот домашниот тим да го сврти резултатот во своја полза и да стигне до победа.

Македонскиот интернационалец го заврши натпреварот со 21 поен, шутирајќи 5/7 за тројка и 3/6 за два поени, на тоа додавајќи и четири скока и една асистенција.

Се вчитува...