Супер Глоуб: Барселона загуби, Фуксе Берлин во финале

Екипата на Фуксе Берлин стана првиот финалист на турнирот Супер Глоуб, односно светско клупско фудбалско првенство. Денеска во полуфиналето германскиот тим ја совлада Барселона, фаворитот на овој турнир со 34-33 по продолженија, откако во регуларниот дел беше 29-29.

Гидсел беше клучниот фактор за победата на Фуксе, откако постигна 10 гола, а по него следуваше Линдберг кој постигна осум гола. Во редовите на Барселона најефикасни беа Фраде и Енгесан со по шест гола.

Фуксе во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Киелце и Магдебург, кој се игра вечерва од 18:15 часот.

Се вчитува...