Супер-гол на Гранде Пандев, Џенова во 97. минута се спаси од пораз со Удинезе…. (ВИДЕО)

Илија Несторовски со Удинезе и Горан Пандев со Џенова одиграа без победник во 30. коло од Серија А. Џенова и покрај тоа што имаше негатива од два гола успеа да стигне до 2-2 во самиот финиш откако во игра влезе капитенот на македонската репрезентација го беше стрелец на првиот гол за џеновјаните.

Удинезе поведе со голот на Фофана во 44. минута, а Ласања во 73. минута зголеми на 2-0. Горан Пандев во 81. минута со својот осми гол сезонава во Серија А, намали на 2-1…

Во 97. минута, Пинамонти ги постави конечните 2-2, откако најпрво не реализираше удар од белата точка но натрча на одбиената топка и стрелаше за бод на својот тим.

Несторовски и Пандев немаа директен „судир“ на теренот со оглед на тоа што Нестор-гол играше од првата минута па се до 58. минута од средбата, кога беше заменет, а Пандев во игра кај Џенова влезе во 59. минута.

Аталанта, пак, сигурно си обезбедува место во Лигата на шампионите следната сезона откако славеше со 0-1 на гостувањето против Каљари. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Муриел од пенал во 17. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 30. КОЛО

Бреша – Верона 1-0

Каљари – Аталанта 0-1

Парма – Фиорентина 1-2

Сампдорија – СПАЛ 3-0

Удинезе – Џенова 2-2

Наполи – Рома (21:45 ч.)

Се вчитува...