Супер-гол на Ројс за триумф на „милионерите“ против Хофенхајм (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја запоседна лидерската позиција на табелата во Бундеслигата откако во првиот натпревар од 5. коло славеше против Хофенхајм со 1-0.

„Милионерите“ беа далеку подобар тим на теренот сосема заслужено доаѓајќи до трите бода.

Победата за домашните ја донесе Марко Ројс со прекрасниот погодок, по одлична тимска акција, уште во 16. минута од средбата.

Борусија Дортмунд сега со 12 бода од пет меча е на првото место на табелата, со два бода предност во однос на Баерн Минхен и Унион Берлин кои имаат и по натпревар помалку.

Се вчитува...