Супер-компјутерот го прогнозираше шампионот на СП

Помалку од две недели пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, суперкомпјутерот ги објави своите конечни прогнози.

Според суперкомпјутерот, победник на овогодинешното Светско првенство ќе биде Шпанија.

Според пресметките, шансите на Шпанија за освојување на Мундијалот се 16,1 процент од симулациите, што ги става пред Франција (13 проценти), Англија (11,2 проценти) и Аргентина (10,4 проценти).

Овие четири национални селекции се најголемите кандидати за титулата светски шампион.

Се вчитува...