Се е подготвено за славје на нов мундијалски пласман на нашата ракометна репрезентација, која со предност од седум гола влегува во вечерашниоот реванш со Словачка.
Салата „Борис Трајковски“ е исполнета до последното место, а пред мечот можеше да се проследи фантастична кореограија, со илјадници македонски знамиња (кои беа поставени на секое столче на трибините).
При интонирањето на македонскаа химна фановите ги кренаа знамињата високо, за џополнително кревање на атмосферата.
Пласманот на СП е речиси обезбеден, но сите очекуваат нова победа, за печат на континуитетот од настапи на големите ракометни натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
