„Супер-лет“ на Бојан Миовски: Македонецот со нов гол го „сруши“ и Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните игри во шкотскиот шампионат. Во 33. коло од Премиерлигата на Шкотска, Абердин има предност од 2-0 против големиот фаворит Глазгов Ренџерс по 70 минути игра.

А, сето тоа благодарение и на Миовски кој во 57. минута извонредно реагираше со глава пред голот на Ренџерс за водство од 2-0 на Абердин.

Претходно, Абердин дојде до предност од 1-0 во 48. минута со феноменален гол од 40 метри на Скејлс.

За Бојан Миовски ова е 16-гол сезонава за Абердин во Премиерлигата на Шкотска, со кој изби на четвртото место на листата на најдобрите стрелци.

Се вчитува...