Супер-малер: Богут скрши нога по 58 секунди од дебито за Кливленд

Ендрју Богут беше доведен во Кливленд како значајно засилување кое би помогнало во одбрана на титулата. Сепак, австралискиот центар мина само 58 секунди во дресот на кавси пред да заработи тешка повреда.

Тој остана да седи на теренот, веднаш сугерирајќи дека повредата не е нималку наивна. Откако соиграчите Џејмс Џонс и Тристан Томпсон му помогнаа да се упати кон соблекувалната, врз Австралиецот потоа беа извршени првични тестови кои покажаа дека станува збор за скршеница на коска во ногата.

Речиси сигурно е дека оваа сезона предвреме заврши за поранешниот центар на Голден стејт, а неговата повреда е уште еден во низата проблеми за Кливленд, откако шампионот во текот на целата сезона се соочува со здравствени проблеми на голем дел од ростерот.

Се вчитува...