Супер-малерозниот „крал“ се врати, одигра 15 минути и пак се повреди

Еден Азар е без конкуренција најмалерозниот фудбалер на Реал Мадрид сезонава откако белгискиот ас заработи нова повреда на дуелот против Елче. Крилниот офанзивец го имаше својот камбек по претходната повреда, одигра 15 минути во Мадрид, но притоа заработи и нова повреда, овојпат на мускулот во пределот на карлицата.

Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид на тој начин продолжува да ги фрустрира и челниците на клубот и навивачите, тој сезонава настапи на само 14 од вкупно 36-те средби на Реал во сите натпреварувања, не издржувајќи 90 минути на ниту еден од овие натпревари. Тој од доаѓањето во Мадрид имаше 12 различни повреди, а Зидан нема објаснување што му се случува на играчот на чиј мегатрансфер францускиот тренер инсистираше.

„Нешто се случува. Никогаш во текот на кариерата тој немал проблеми со повреди, се до доаѓањето овде. Немам објаснување, сите сакаме даму помогнеме, да биде повторно на терените. Не знам дали кај мене или кај друг тренер, но верувам дека Азар ќе докаже дека е исклучителен фудбалер“, изјави Зидан.

Се вчитува...