Супер-одговор: Зошто Кејн влезе во игра при 0-6 против Транмере?

Фановите на Тотенхем во прв момент беа бесни на Маурицио Покетино откако стратегот на „спарси“ реши да го уфрли Хари Кејн во финишот од гостувањето против Транмере, ризикувајќи повреда при водство од 0-6. Кејн влезе на теренот и постигна гол за конечни 0-7, а Покетино на крајот ги освои симпатиите на целокупната јавност со објаснувањето зошто решил даго внесе во игра својот најдобар фудбалер кога победникот веќе беше решен.

„Одлуката беше донесена од почит, почит кон противникот и кон сите луѓе кои платија пари за да го гледаат овој меч. Транмере е тим од пониските дивизии и луѓето овде нема да имаат многу шанси во живот да го видат Хари Кејн како игра. Знам дека Хари е великан на англискиот фудбал и сакав да им ја дадам таа можност. Убаво беше за сите тие луѓе да го видат, но и за противниците да знаат дека одиграле петнаесетина минути против Кејн“ – истакна Покетино.

Се вчитува...