Фудбалерите на Тиквеш имаат убедлива предност од 4-1 на полувреме против Арсими во премиерниот натпревар од 35. сезона во најсилната фудбалска лига во Македонија, ПМФЛ.
Првиот гол во новата сезона во елитниот шампионат на Македонија го постигна Тохеб Лавал за водство од 1-0 на домаќинот во 18. минута. Девет минути подоцна домаќините зголеми на 2-0 со погодокот на Нфанли Сила.
Гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Рамадани во 33. минута. Сепак, само три минути подоцна Тиквеш повторно стигна до позитива од два гола (3-1) со вториот погодок на Лавал, додека до крајот на првиот дел беше и 4-1 откако по вторпат во листата на стрелци се запиша и Сила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
