Супер-пресврт на Динамо Загреб за елиминација на Тун (ВИДЕО)

Шампионот на Хрватска, Динамо Загреб на епски начин успеа да се врати од негатива од два гола и да слави по продолженија со 3-2 на домашен терен против швајцарски Тун во натпревар од 2. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Откако по првиот меч одигран во Швајцарија резултатот беше 1-1, гостите имаа се во свои раце откако водеа по првиот дел со головите на Лабу во 4. и Бурки во 22. минута со (0-2). Сепак, токму стрелецот на вториот гол направи голема глупост кога доби директен црвен картон во 67. минута, што значеше будење за домаќините кои прво преку Белјо во 74. минута намалија на 1-2, додека на 2-2 израмни Качавенда во 78. минута.

Натпреварот замина во продолженија, a таму херој за „модрите“ беше Валинчиќ кој во 112. минута го постигна погодокот вреден победа 3-2.

Dinamo Zagreb [3] – 2 Thun – Moris Valinčić 112' [4-3 on agg.]
byu/50lipaa insoccer

Се вчитува...